Поврзете се со нас

Свет

Хауард: Гвардиола го уништи фудбалот

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола веќе со години е еден од најдобрите светски фудбалски стартези, човек кој освои/освојува титули со сите клубови кои ги водеше/води и тоа Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити.

Шпанецот постави нови стандарди откако се појави, почна да игра специфичен фудбал кој донесе резултати и почнаа сите да го копираат без разлика дали едноставно тимовите, репрезентациите имаат квалитет, играчи за тој стил, да имаат посед на топка, напаѓаат и победуваат.

Американците неодамна добија нов селектор во името на Маурисио Покетино, па поранешниот репрезентативец на оваа земја Тим Хауард има само еден совет до Аргентинецот, а тоа е да не го копира шпанскиот колега.

-Кога ќе ја погледнете мојата генерација, бевме еден куп цврсти, сурови играчи. Имавме неколку играчи кои ја правеа клучната разлика. Тој го убеди тимот дека може да се натпреварува и да игра добро во фазата на напад. Тоа што се случи е дека Пеп Гвардиола го уништи фудбалот. Гвардиола ги научи сите дека можат да играат напаѓачки фудбал. Но, не можат, не можат сите, туку само три тима во светот, -вели некогашниот голман на Манчестер Јунајтед и Евертон.

-Покетино играше во Тотенхем со две линии од по четири играчи и уште двајца на врвот. Беа цврсти во одбраната, или барем се трудеа да бидат. Ако Покетино донесе решителност во одбраната, САД имаат доволно играчи на напаѓачките позиции за да бидат опасни, -заклучи Тим.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни