Поврзете се со нас

НБА

Хауард го „прегази“ Јанг, ѕвездата на Атланта се освести и веднаш почна да прави склекови (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Атланта Хокс славеше над Филаделфија 76 со 103-96 и на тој начин се избори за билет за финалето на источната конференција во НБА лигата.

„Јастребите“ одиграа тимска кошарка во која петмина играчи имаа двоцифрен број на кошеви, а двајца од нив имаа и дабл-дабл учинок. Еден од оние кој направи разлика дефинитивно беше Тре Јанг кој немеша идеална шутерска партија, ама кога беше најпотребно одигра најдобро и овозможи неговиот тим да се соочи со Милвоки Бакс во наредната рунда.

Ваквите дуели секогаш имаат специфични моменти, па така во „мајсторката“ во Филаделфија можевме да видиме како ветеранот Двајт Хауард во една акција го „прегази“ Јанг или поточно ѕвездата на Атланта перфектно го намести противникот за да потоа покаже мускули и прави склекови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни