Поврзете се со нас

Англија

Хау потврди нов повреден играч на Њукасл: Тоа е голем удар за нас

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Њукасл Јунајтед викендов го пречекува шампионот Манчестер Сити, а за домаќините овој противник доаѓа во незгоден момент, пред се поради големиот број повредени играчи.

Менаџерот Еди Хау денеска потврдил дека на списокот повредени сега е и Жоелинтон, кој ќе паузира подолг период.

– Ситуацијата со Жоелинтон не е добра, се работи за повреда која нема да му дозволи да биде во тимот најмалку шест недели. ТОа е голем удар за нас.

– Тој е многу важен играч за нас, има голема желба да се бори за екипата, па неговото отсуство ќе се почувствува многу.

– Повредите ни создадоа големи проблеми, имаме малку играчи од средниот ред и нападот на располагање и другите се многу заморени, немаме можност за ротации. Во идеален свет сигурно би довеле нови играчи во оваа ситуација, но не можеме да го направиме тоа поради финансискиот фер плеј, – рекол менаџерот на Њукасл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни