Поврзете се со нас

Англија

Хау откри дека една ѕвезда на Њукасл може да замине во јуни

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Еди Хау денеска го најавил следниот настап на неговиот Њукасл, но зборувал и на многу други теми поврзани со неговата екипа.

Една од нив била евентуалната продажба на Жоелинтон, чиј договор со премиерлигашот истекува по 18 месеци.

Бразилецот неодамна се повреди и го очекува пауза до крајот на сезоната, па Хау индиректно навестил дека можеби веќе и нема да го облече дресот на Њукасл.

– Има уште 18 месеци од договорот и можно е да биде продаден во летниот преоден рок.

– Јас се надевам дека нема да се случи такво нешто, го сакам како човек и како фудбалер.

– Но, пред еден фудбалер да потпише нов договор треба да биде среќен, а ние не сме во таква позиција, – изјавил Хау.

Продажбата на Жоелинтон е реална опција затоа што Њукасл е под притисок на Финансискиот фер плеј и мора да реализира неколку продажби за да избегне евентуални санкции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни