Поврзете се со нас

Англија

Хау одговори дали Њукасл ќе тргне по Де Хеа

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Њукасл го победи Манчестер Јунајтед и сосема заслужено освои нови три бода во Премиер лигата, но Еди Хау не можеше во целост да се израдува на големиот триумф на „Ст. Џејмс парк“.

Причина за тоа беше загрижувачката повреда на рамото која ја заработи Ник Поуп, а како што одминуваат деновите, се поизвесно изгледа дека менаџерот беше во право уште при својата прва дијагноза.

Хау изјави дека стравува од сценарио во кое би го загубил првиот голман со месеци, но Еди денеска објасни дека тоа не значи автоматски ангажман на друг чувар на мрежата.

Менаџерот на Њукасл се огласи за шпекулациите кои осамнаа во јавноста за сензационален ангажман на Давид Де Хеа, за кои порача дека не пристигнале од страна на клубот.

– Видов многу натписи во медиумите за ангажман на нов голман и други играчи во тимот. Не сме отвориле такво прашање, наша цел е да им се даде шанса на останатите голмани во тимот.

– Навистина имаме верба во Мартин Дубравка. Тој е голман од највисока класа и веруваме дека може да ни помогне. Што се однесува до Поуп, тој се уште посетува специјалисти и разгледува сценарија. Ако направи операција, тој ќе биде во аут четири месеци. Секако дека е разочаран, но веруваме дека ќе се врати и ќе ни помогне до крајот на сезоната, – изјави Еди Хау.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни