Поврзете се со нас

Англија

Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Њукасл оствари голема победа над Манчестер Јунајтед и трет пат во низа славеше над „ѓаволите“, но Еди Хау не можеше да биде целосно среќен и задоволен по триумфот.

Погодокот на Гордон се покажа како доволен за минимален триумф на „Ст. Џејмс парк“ и според се видено на теренот Њукасл заслужи да се радува на три бода, меѓутоа менаџерот имаше и причини за грижи по средбата.

Првиот голман Поуп заработи незгодна повреда и мораше да биде заменет од Дубравка во завршницата, а Еди Хау се моли да не биде истото сценарио како што беше претходно, кога англискиот голман мораше да прави операција на рамото.

– Изгледа навистина лошо и изгледа како да си го дислоцираше рамото. Ова веќе му се случи еднаш и мораше да прави операција. Да бидам искрен, не знам каква ќе биде судбината овојпат, не знам дали ќе му биде потребна операција, или не.

– Ќе биде голем удар за нас ако на крајот испадне дека мора да паузира долго време. Не изгледаше воопшто добро, а кога е тоа така, обично испаѓа дека се работи за сериозна повреда, – изјави Еди Хау.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни