Поврзете се со нас

Формула 1

Хас со нова официјална информација за состојбата на Грожан

Објавено

на

Формула 1 трката во Бахреин не донесе посебни возбудувања во однос на битката за врвот, но затоа стартуваше шокантно со инцидентот на Ромен Грожан, кој за среќа мина со минимални последици.

Возачот на Хас удри во заштитната ограда, по што неговиот болид заврши на два дела, а веднаш беше префрлен во болница за да му бидат направени детални прегледи.

Тимскиот шеф Гинтер Штајнер веќе информираше дека Грожан има одредени изгореници, но дека генерално е во добра состојба, а сега стигна нова информација презентирана од Ф1 тимот Хас.

– По деталните прегледи на лекарите во Бахреин, Грожан ќе ја мине ноќта во болница, за да биде третиран поради изгорениците кои ги заработи на задниот дел на рацете.

– Сите рентген снимки направени на Грожан се чисти во однос на евентуални фрактури, – велат од Хас.

Французинот вечерва бил посетен во болницата од претставници на организаторот на Ф1 трката и првиот човек на ФИА, Жан Тод.

Половина минута како вечност: 32 секунди во кои Грожан беше „проголтан“ од оганот (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни