Хартли имаше хорор инцидент на Силверстоун, Фетел се преплаши (Видео)

hartli-fetel

Ова попладне на програмата се квалификациите на Силверстоун за трката која ќе се вози утре, но пред да дојде ред на главните саботни случувања, еден од последните тренинзи ни донесе шокантна и застрашувачка сцена која го сопре здивот меѓу сите љубители на Формула 1.

Возачот на Торо Росо, Брендон Хартли имаше хорорр излетувње на патеката Силверстоун, а причина за тоа беше откажувањето на левата суспензија во ситуација кога притисна на сопирачките. Бидејќи стануваше збор за брз свиок, Хартли излета и се заби во заштитната ограда, а првичниот удар го преплаши и Себастијан Фетел кој преку тимското радио ги прашуваше луѓето во Ферари дали возачот од Нов Зеланд е добро.

Фетел доби позитивен одговор, а и од Торо Росо подоцна се огласија дека Хартли е добар и го минал без никакви последици страшниот инцидент кој им ја заледи крвта на фановите во Англија.

Facebook Коментари