Поврзете се со нас

Англија

Харт се извини откако се посрамоти на социјалните мрежи по елиминацијата на Тотенхем

Објавено

на

blank

Елиминацијата на Тотенхем од Лига Европа е голем удар за премиерлигашот, а критики заработија сите фудбалери предводени од менаџерот Жозе Мурињо.

Дополнително незадоволство кај фановите предизвика и „излетот“ на социјалните мрежи, кој го направи голманот Џо Харт.

Поранешниот англиски репрезентативец по завршувањето на средбата објавил фотографија со резултатот 3:0 и коментар „завршена работа“.

Иако е повеќе од јасно дека се работи за грешка на луѓето ангажирани да објавуваат на неговиот личен профил на социјалните мрежи, фановите коментираа дека „Харт очигледно е задоволен од елиминацијата“.

Денеска голманот јавно се извини за тоа што се случило.

– Некој мислел дека сме победиле 3:0, колку и да изгледа нереално, така било.

– Знам дека потегот е неприфатлив и испровоцирал многу луѓе, се извинувам што дојде до такво нешто. Јасно е дека јас не сум го објавил тоа лично, а се извинувам и од името на целиот мој тим за социјални мрежи, – изјавил Харт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни