Поврзете се со нас

Свет

Харт објави дека заминува во пензија, УЕФА потсети на неговата вонсериска партија на „Камп Ноу“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/CelticFC

Џо Харт имаше чуден фудбалски пат откако му беше покажана излезната врата од Пеп Гвардиола во Манчестер Сити и англискиот голман сериозно назадуваше откако си замина од „Итихад“, но сепак последните три години пронајде мир во Селтик и реши да стави крај на своето фудбалско патување во овој клуб.

Поранешниот англиски репрезентативец денеска ја извести јавнсота дека ќе се повлече од професионалното играње фудбал на крајот од сезоната, со што истовремен најави дека ќе даде се од себе да ја заврши сезоната и кариерата на најдобар можен начин.

Харт смета дека е вистинско време за повлекување во ситуација кога е прв голман на Селтик и важен дел од системот на Брендан Роџерс, па по разговор со менаџерот и директорите на клубот, решил дека е најдобро да се пензионира кога веќе ќе има полни 37 години.

Денешното соопштение на Џо Харт предизвика низа реакции од јавноста и Манчестер Сити меѓу првите му честиташе за брилијантната кариера, а не остана заборавен и од УЕФА.

Европската Федерација потсети на неговото вонсериоско издание на „Камп Ноу“ во дуел против Барселона, кога имаше дури осум успешни интервенции во дуелите со Меси, Нејмар и Суарез…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни