Поврзете се со нас

Англија

Харизматичен потег на Клоп кој се буни за едно правило на Премиер лигата: Тоа е неправда…

Објавено

на

Името на Јирген Клоп со златни букви ќе остане запишано во историјата на Ливерпул затоа што Германецот стана првиот тренер кој ја донесе титулата од Премиер лигата на „Енфилд“.

Ливерпул цели 30 години ја чекаше титулата, а играчите кои ја донесоа во витрините на легендарниот стадион во градот на Битлси се уште се во славеничка атмосфера.

Дел од нив останаа разочарани по правилото на Премиер лигата кое говори дека играчите кои немаат пет натпревари во сезоната не смеат да добијат медал кој им следува на победниците.

Токму тоа го налути германскиот стратег кој смета дека секој кој одиграл барем и една минута оваа сезона допрнел за титулата и заслужува да го има медалот со златен отсјај.

– Баш секој играч на Ливерпул кој оваа сезона беше дел од тимот заслужува шампионски медал. И сите ќе добијат, ако не од Премиер лигата, тогаш од мене, -изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни