Хари Кејн пишува историја против Евертон: На 24 години стана најдобар стрелец во историјата на Тотенхем (Видео)

hari-kejn-3282389

Хари Кејн вечерва испиша историја на Тотенхем.

На дуелот против Евертон, англискиот напаѓач постигна два гола на стартот од второто полувреме и стана најдобар стрелец во историјата на лондонскиот клуб во Премиер лигата, иако има само 24 години.

Кејн веќе има 98 гола по ПЛ, еден повеќе од досегашниот рекордер Теди Шерингем. Третиот на вечната листа, Џермејн Дефо, има 91 погодок.

Facebook Коментари