Поврзете се со нас

Англија

Харгривс со искрен совет до Вернер: Ќе седиш на клупа во Ливерпул, најдобар клуб за тебе е….

Објавено

на

Тимо Вернер беше главна ѕвезда во уверливата победа од 0:5 која ја оствари Лајпциг на гостувањето кај Мајнц, натпревар на кој напаѓачот на „биковите“ постигна хет-трик.

Вернер уште еднаш ја покажа својата снаодливост во противничкиот шеснаесетник и само докажа зошто е голема мета на најсилните клубови во светот, а особено на оние од Премиер лигата кои се очекува бувално да се „тепаат“ за неговиот потпис.

Неговиот најнов блесок беше коментиран во студиото на „Би-Ти Спорт“, а оттаму легендарниот Овен Харгривс му предложи на Вернер кој е најдобар клуб за него.

– Вернер е фантастичен, но нема да добие предност пред Боби Фирмино во Ливерпул. Тоа е факт според мене. Каде и да оди, каде и да одлучи да оди, тој мора да игра, треба да го земе тоа во предвид. Со оглед на тоа како стои Манчестер Јунајтед во овој момент, тоа би било најдобро место за него, го гледам таму како одлично засилување.

– На Јунајтед му е потребна „9-ка“, а Вернер дефинитивно е тоа. Исто така би се вклопил и во Челси каде има плејада од млади играчи, но исто така факт е дека би бил и перфектен за Ливерпул. Сепак, таму нема да има загарантирано стартерско место. Ако е задоволен со ротирање, тогаш ќе биде добар за тимот на Клоп. Таму ќе мора да се навикне да седи и на клупа, Фирмино е предобар за тимот на Ливерпул, – потенцира Харгривс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни