Поврзете се со нас

Англија

Харгривс му го посочи главниот проблем на Солскјер: На секој меч се случува истото!

Објавено

на

Манчестер Јунајтед влезе во негативна серија и врза три натпревари без победа во Премиер лигата, но вчера го претрпе првиот пораз на гостински терен во домашното првенство по пауза од 29 натпревари.

Историскиот рекорд на Оле Гунар Солскјер кога се во прашање натпреварите на гостински терен го дочека својот крај, но многу позагрижувачки беше играта во одбраната и четирите примени гола на средбата на „Кинг Пауер“.

Лестер победи со 4:2, а додека Пол Погба истака дена сите во тимот не можат да го детектираат главниот проблем за лошата игра во одбрана, легендарниот Овен Харгривс го детектираше истиот.

Погба со искрен заклучок по четирите примени гола на „Кинг Пауер“ (Видео)

– Манчестер Јунајтед игра вака цела сезона, речиси секој натпревар е идентичен. На секој меч на кој ги имам гледано имаат брилијантни моменти, но обично се спасуваат со индивидуална умешност. Едно е јасно, Манчестер Јунајтед никогаш нема контрола на мечот и тоа е главниот проблем за нив.

– Секој тим, без разлика дали е Астон Вила, Вилјареал, Евертон или овојпат Лестер имаше огромен простор. На секој меч дозволуваат лесни контра напади и секојпат се жестоко казнувани. Џон Барнс е во право, Јунајтед остава многу простор за противникот. Напаѓачката четворка не се враќа назад кога тимот ја губи топката и се остава премногу простор за противникот. Видовме каков беше резултатот против Лестер од таквиот пристап, – анализира Харгривс за „Оптус Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни