Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Харгривс: Меси и Нејмар сигурно го напуштија „Итихад“ со една мисла во главата

Објавено

на

Поранешниот англиски репрезентативец Овен Харгривс, ги коментирал случувањата на дербито меѓу Манчестер Сити и ПСЖ за телевизијата „Би-Ти Спорт“, а по завршувањето на дуелот од Лигата на шампионите јасно ја истакна воодушевеноста од настапот на премиерлигашот.

Сити победи со 2:1, но заслужуваше да постигне многу повеќе голови против ПСЖ, кој имаше многу помалку закани кон голот на Едерсон.

– Ова беше врвен натпревар од страна на Сити, на кого му недостасуваа неколку важни играчи.

– Меси и Нејмар веројатно го напуштаа теренот на „Итихад“ со помислата „би сакал да играм во ваков тим“. Ова беше ремек-дело на Сити, празник за очи за фановите.

– Сити победи со 2:1, но се чинеше како многу поубедлив триумф, – изјавил Харгривс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни