Поврзете се со нас

Германија

Харгривс: Халанд е специјален играч, ама за него нема место во Баерн

Објавено

на

Овен Харгривс најголемиот дел од својата играчка кариера ја мина во Баерн Минхен и Германија, па многу добро ги познава состојбите во фудбалот и сите настани, актулности внимателно ги прати и денеска.

Секако името зад кое најмногу се крева прашина во оваа година е младиот Ерлинг Халанд кој по трансферот во Борусија Дортмунд едноставно блеска или само продолжи како што тоа го правеше во првиот дел од кампањата во РБ Салцбург.

Ама без разлика на овие настапи, игри, постигнати голови, Харгривс не верува дека Халанд би можел да добие место во почетната постава на баварците.

-Халанд е навистина специјален, прави давањето голови да изгледа така лесно, а не е така. Голот против Шалке, со топката која доаѓаше, изгледаше толку удобно. Тој е смешно добар, иако и Левандовски е навистина добар во Баерн-тој го даде 40 гол во сезоната.

-Па дури и ако сакате да го додадете Халанд, тој сега не би влегоа во тимот на Баерн, затоа што тие играат само со еден напаѓач, -вели Овен кој смета дека германскиот шампион нема никакви слабости.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни