Поврзете се со нас

Англија

Харгривс го именуваше играчот кој е сон за секој великан во Премиер лигата

Објавено

на

Во својата анализа минатонеделното коло во Бундеслигата, Овен Харгривс му испрати искрен совет на Тимо Вернер за тоа каде да ја продолжи играчката кариера, но по комплетирањето на најновата рунда во Германија, поранешниот играч за врска одново направи една паралела за играч кој го посакуваат премиерлигашите.

Борусија Дортмунд денеска го победи Падерборн со 1:6 на гостувањето, а три од шесте гола беа дело на Џејдон Санчо, фудбалерот кој повеќе од јасно е дека во блиска иднина одново ќе го гледаме во родната земја.

Епизодата во Бундеслигата се покажа како полн погодок за Санчо, играч кој Харгривс го етикетираше како сон за сите четири великани во англискиот фудбал.

– Санчо секој тим би го направил подобар, тоа е сигурно. Секој клуб би сакал да го има него. Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, Челси, сите би сакале да располагаат со неговите услуги.

– На крајот се ќе се сведе на личната одлука и на тоа кој може да си го дозволи. Ќе чини навистина многу, но тој е генерациски талент, играч кој е еден меѓу многумина, може да игра на повеќе позиции во нападот, – порачува Харгривс за „Би-Ти Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни