Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Харгривс ги наброја двете причини поради кои на Арсенал не му дава никава шанса за титулата во ЛШ

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал веќе трета сезона по ред е еден од главните фаворити за титулата во Премиер лигата и се издвојува како тим кој може најсериозно да го предизвика Манчестер Сити, но кога е во прашање фудбалот во Европа, „топчиите“ се уште немаат остварено поголем успех.

Тимот од Северен Лондон лани испадна од Баерн Минхен во четвртфиналето, една година претходно загуби од Спортинг во Лигата на Европа, а Овен Харгривс не гледа како Арсенал би одел нешто подалеку во најелитното натпреварување со новиот формат.

Легендарниот играч за врска смета дека два важни фудбалски елементи не му одат во прилог на Арсенал, а тоа се наивноста и неискуството на највисоко европско ниво.

– Не знам дали не ги гледам како фаворити само поради наивноста, тука мора да се нагласи и неискуството на тоа врвно ниво. Не можам да набројам многу играчи од актуелниот тим на Арсенал кои биле далеку во Лигата на шампиони.

– Жоржињо е еден од ретките и најверојатно Жезус, но тој тогаш беше дел од Манчестер Сити. Потребно е време за да стекнете искуство во Лигата на шампиони. Добро се виде тоа на натпреварите против Баерн Минхен минатата сезона. Баерн се мачеше во секој поглед во таа фаза од сезоната, но заслужено победи после два меча против Арсенал. Потребно е време за да се стекне искуство на највисоко ниво, – анализира Харгривс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни