Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Харгрејвс со неверојатно откритие: Сер Алекс спречи масовна тепачка една вечер пред…

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Овен Харгрејвс во интервју за „БеИн Спорт“ откри еден досега непознат момент од клубот.

Имено, пред финалниот натпревар од Лигата на шампионите во 2008 година Сер Алекс Фергусон спречил масовна тепачка на стадионот во Москва.

Еден ден пред финалето, на „Лужники“ бил одигран тренинг натпревар, кој според Харгрејвс бил толку интензивен, што на крајот Сер Алекс морал да го користи својот авторитет за да спречи тепачка.

– Се сеќавам дека имавме тренинг натпревар на стадионот во Москва еден ден пред финалето и за малку двата тима ќе се испотепавме затоа што натпреварот беше доста интензивен.

– Еден тим загуби и играчите дофрлуваа меѓу себе, па мораше да дојде Сер Алекс за да не раздели. Така беше. Сите сакаа да победат дури и на тренинг натпревар.

– Дури и на тренинг натпревар кога мислите дека играчите внимаваат да не се повредат, не беше така. Сите беа остри. Сите беа премногу возбудени пред финалето, -изјави Овен Харгрејвс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни