Поврзете се со нас

НБА

Харден: Тоа е едноставно, јас сум МВП

Објавено

на

Џејмс Харден имаше уште една одлична партија и со 44 поени, 14 скокови и 8 асистенции го предводеше Бруклин Нетс во триумфот над Детроит Пистонс од 113-111.

„Брадата“ по доаѓањето во Нетс од Хјустон Рокетс има просечен учинок од 25,4 поени, 8,7 скокови и 11,5 асистенции, а тоа според него е повеќе од доволно за да биде МВП на сезоната во НБА лигата.

-Дали се сметам себеси за дел од таа дискусија? Јас се сметам за МВП. Мислам, тоа е едноставно … Не сакам да зборувам за себе, нека остане на ова, -истакна Џејмс кој запрашан за тоа зошто мисли така кратко одговори.

-Бројките тоа го покажуваат тоа, ние победуваме. Само тоа можам да кажам, -заврши ѕвездата на Нетс кој во изминатиов период го носи овој тим со оглед на тоа што Дурент е повредан, а Ирвинг има многу отсуства.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни