Поврзете се со нас

НБА

Харден со „пееска“ потсети на старите времиња, Кливленд и Оклахома продолжуваат да победуваат (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/JHarden13

Џејмс Харден потсети на старите времиња, а Лос Анџелес Клиперс го победи Детроит Пистонс со 123:115 и ја прекина лошата резултатска серија во НБА лигата.

Ветеранот Харден испорача неверојатни 50 поени со 4 скока, 5 асистенции, 1 украдена топка и 1 блокада, односно ова беше прв негов меч како член на Клиперс со „50-ка“, вкупно 24 во кариерата (најмалку 50 поени) со што дојде на минус еден од легендарниот Коби Брајант.

Колку ова беше страшно издание на брадата, најдобар доказ е тоа што вториот и третиот стрелец на Клиперс, Богдановиќ и Зубац заедно искомбинираа 50 кошеви. На другата страна плејмејкерот Канингем имаше дабл-дабл од 37 поени и 10 асистенции.

Нови триумф пак запишаа најдобрите тимови на Истокот и Западот, Кливленд беше подобар од Мајами со 112:107, додека Оклахома како гостин го надигра Мемфис со резултат 120:103.

Ова за Кавси беше 12. славје во низа во кое лидер беше Мичел со 26 поени, додека ОКЦ ги предводеше кој друг ако не Шеј Александер со 41 поен и 8 асистенции.

Резултати:

Бостон – Портланд 128:118
Шарлот – Минесота 110:125
Кливленд – Мајами 112:107
Вашингтон – Јута 125:122
Милвоки – Далас 137:107
Денвер – Сакраменто 116:110
Мемфис – Оклахома 103:120
Клиперс – Детроит 123:115

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни