НБА
Харден почна да пишува нова историја со Бруклин, шампионот падна пред Кари и „воините“ (ВИДЕО)

Во НБА лигата беше одбележан денот на Мартин Лутер Кинг, ден кој е специјален и секогаш на програмата има интересни дерби пресметки.
Така беше и овојпат, па во големата битка на Истокот меѓу Бруклин Нетс и Милвоки Бакс домаќините се изборија за славје од 125-123. Како што покажува самиот резултат, беше неизвесно до последната секунда и победата можеше да заврши и кај Милвоки ако Мидлтон го погодеше последниот шут за три поени на 1,1 секунда до крајот.
Одново блескаа Кевин Дурент и Џејмс Харден, првиот уфрли 30 поени со 9 скока и 6 асистенции, додека „брадата“ имаше 34 поени, 6 скокови и 12 асистенции.
Харден со ова испиша нова страна во историјата на НБА лигата, поточно досега немало играч кој во првите два натпревари во својата екипа реализирал плус 30 поени и плус 10 асистенции.
🤯 @JHarden13 is the first player in NBA history to have 30+ PTS and 10+ AST in his first two games with a team!
Game 1 w/ BKN: 32 PTS, 14 AST
Game 2 w/ BKN: 34 PTS, 12 AST pic.twitter.com/GxeFjly5Qx— NBA (@NBA) January 19, 2021
Адетокумбо пак со 34 кошеви беше најсветла точка кај Бакси.
Актуелниот шампион Лос Анџелес Лејкерс загуби пак од поранешниот првак Голден Стејт Вориорс со 115-113. „Езерџиите“ имаа плус 16 по првото полувреме (64-48), меѓутоа ситуацијата се промени во продолжението, „воините“ заиграа на повисоко ниво и се изборија за победа во „Стејплс Центарот“.
Кари уфрли 26, Убре Џуниор 23, а резервисот Паскал 19 поени. Шрудер со 25 кошеви ја предводеше листата на стрелци кај поразените.

- Италијапред 24 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- НБАпред 22 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Италијапред 21 час
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)
- Шпанијапред 24 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…
- Англијапред 22 часа
Вернер: Се чувствувам виновен за отказот на Лампард
- Англијапред 18 часа
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 17 часа
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Репрезентацијапред 23 часа
Иднината на македонскиот ракомет: Селективен камп за талентирани ракометарки (ФОТО)