Харден измисли нов победнички потег, но дали истиот е регуларен? (Видео)

Тимот на Хјустон Рокетс без проблеми го реши пријателскиот меч со Шангај Шаркс притоа славејќи со 128-86.

Во центарот на вниманието беше Џејмс Харден кој „испука“ 37 поени, 5 скокови, 9 асистенции, 3 украдени топки и 1 блокада, а и имаше и еден одличен потег со кој ги воодушеви фановите.

Тој во финишот на третиот период си поигра со противникот и постигна тројка, но дилемата меѓу навивачите е дали кошот е регуларен, односно дали при овој мајсторски потег Харден направи чекори. Погледнете ја ситуацијата и сами донесете си заклучок.

Facebook Коментари