Харден „испука“ 55 поени во победата на Хјустон, нов трипл-дабл на Леброн (Видео)

harden-klivlend

Џејмс Харден изминатава вечер уште еднаш се прикажа во едно фасцинантно индивидуално издание, па во меч во кој постигна повеќе од 50 поени, беше лидер на својот Хјустон кој славеше на гостувањето кај Кливленд.

„Брадата“ беше исклучително расположен за шут од дистанца, па негово главно оружје против Кливленд беа тројките, бидејќи дури десет пати погоди од дистанца. Харден постигна вкупно 55 поени во триумфот од 110:116,

„Брадата“ имаше уште еден натпревар со +50 поени, утрово тој броеше до 55 против Кливленд и помогна Хјустон да слави со 110-116. Тој до ваква бројка стигна со само скромни пет слободни фрлања, но затоа му тргна шутот за три, и реализираше дури десет тројки. Харден беше навистина доминантен на овој меч, а најдобар доказ за тоа е што Расел Вестбрук постигна дури 32 поени помалку, завршувајќи ја средбата со 23 поени. Во поразениот тим, најефикасен беше Портер со 24 поени, а Секстон беше следен со 18.

Од останатите средби, за издвојување е новата победа на Лос Анџелес Лејкерс, тим кој стигна до најдобро отворање на сезоната во последните 34 години. „Езерџиите“ стигнаа до 22-от триунф против Орландо, а во победата од 87:96 се издвои Леброн Џејмс кој имаше трипл-дабл учинок од 25 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

Резултати:
Кливленд – Хјустон 110:116
Индијана – Бостон 122-117
Орландо – ЛА Лејкерс 87:96
Торонто – Клиперс 92-112
Бруклин – Шарлот 108-113
Чикаго – Атланта 136-102
Минесота – Јута 116-127
Феникс – Мемфис 108:115
Милвоки – Њу Орлеанс 127-112
Сакраменто – Оклахома 94:93
Голден Стејт – Њујорк 122-124

Facebook Коментари