Поврзете се со нас

НБА

Харден инспиратор на најголемиот пресврт во историјата на Бруклин (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Бруклин Нетс со голем пресврт во второто полувреме славеа над Феникс Санс со 128-124 во најинтересниот меч во НБА лигата.

Гостите по првиот дел губеа со 75 – 54 за да во вторите 24 минути збеснат, одиграа фантастично и дојдат до големо славје во Аризона. Ова е најголемиот кам-бек на Нетс во клупската историја по една таква негатива на полувреме, а до нова историја ги предводеше Харден кој во отсуство на повредените Ирвинг и Дурент ја презема одговорноста и даде 38 поени со 7 скокови и 11 асистенции.

Одлична поддршка за „брадата“ беа Херис со 22 и Џонсон со 17 поени, а вредат да се споменат и 31 комбиниран кош на резервистите Грин и Шамет.

Резултати:

Бостон – Денвер 112:99
Мемфис – -Њу Орлеанс 113:144
Милвоки – Торонто 113:124
Минесота ЛА Лејкерс 104:112
Оклахома – Портланд 104:115
Феникс – Бруклин 124:128

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни