Поврзете се со нас

НБА

Харден го мина легендарниот Ален и стана втор најдобар „тројкаш“ на сите времиња (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LAClippers

Џејмс Харден често знае да биде потценет во јавноста поради големиот број на топки кои знае да ги загуби на еден натпревар, но кога е шутерскиот елемент во прашање, дефинитивно никој не може да го потцени квалитетот на „брадата“.

Најдобар доказ за тоа се и бројките и статистиката зад името на актуелниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс, кој рано утрово стана втор најдобар „тројкаш“ на сите времиња.

Харден ја постигна 2974-та тројка во својата кариера и го мина на вечната листа незаборавниот Реј Ален, кој пред ерата на Кари и Џејмс важеше за најдобар шутер на сите времиња.

Кари изминатата деценија постави нови стандарди и е убедливо недопирлив на вечната листа, но сега зад него е Харден.

Џејмс во овој момент има една тројка повеќе од Ален, но уверливо на првото место е „снајперистот“ Кари кој зад своето име има неверојтни 3779 тројки.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни