Харден ги потопи Кливленд и Леброн,Сакраменто извлече победа во последните секунди против Филаделфија (Видео)

lebron

Кливленд Кавалирс продолжува да тоне. Леброн Џејмс и екипата не можат да најдат одговор што се случува со тимот. Овој пат тие беа поразени на гости од тимот на Хјустон Рокетс со 117-113, благодарение на фантастичната игра на Џејмс Харден кој постигна 35 поени, 11 скокови и 13 асистенции со што го оствари својот втор трипл-дабл оваа натпреварувачка сезона. Клинт Капела исто беше тој што имаше удел во победата особено што ги постигна поените во последните 10 секунди за потврдување на победата. Тој мечот успеа да го заврши со 19 поени и 13 скокови. Леброн Џејмс иако постигна 33 поени не беа доволни за победа на Кливленд.  Хјустон со оваа се зацврсти на втората позиција на Западната конференција,а Кливленд е веќе во долниот дел на табелата.

Од останатите натпревари, натпреварот меѓу Сакраменто и Филаделфија заврши со резултат од  109-108 благодарение на кошаркарот на Сакраменто, Фокс кој постигна поени на дванаесет секунди до крајот на натпреварот.филаделфија имаа можност да победат со последниот удар кон кошот, но не успеаа да реализираат.

 

Останати резултати:

Вашингтон – ЛА Лејкерс 111-95,

Торонто – Њу Орлеанс 122-128,

Денвер – Оклахома сити 102-94.

Facebook Коментари