Поврзете се со нас

НБА

Харден дебитираше и влезе во историјата на Бруклин Нетс

Објавено

на

Џејмс Харден го имаше своето деби за новиот тим во победата на Бруклин Недс над Орландо со 122:115.

„Брадата“ одигра одличен натпревар во кој веднаш го поправи впечатокот од последните негови средби во дресот на Хјустон Рокетс.

Харден постигна  32 поени на кои додаде 14 асистенции и 12 скокови со што влезе во историјата на Бруклин Нетс како прв играч кој дебитирал за тимот со трипл-дабл учинок.

Најефикасен во Бруклин беше Дурент со 42 поени, додека во дресот на Орландо се истакна Никола Вучевиќ со 34 постигнати поени.

Од останатите натпревари, Портланд славеше против Атланта со 112:106, Торонто го победи Шарлот со 116:113, додека Детроит Пистонс беше убедлив против Мајами со 120:100.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни