Шпанија
Хаотично во Каталонија, уапсен Жозеп Мариа Бартомеу поради кампањата против Лео Меси

Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу е уапсен од страна на шпанската полиција која спроведува детална истрага и негово евентуално вклучување во аферата „Барсагејт“ која го потресе светот пред извесен период.
Бартомеу е еден од четворицата челници на Барселона кои се уапсени во оваа акција на полицијата заедно со извршниот директор на клубот, Оскар Грау, првиот човек на правниот сектор, Роман Гомез Понти, како и Хауме Масферер кој работел како советник на Бартомеу.
Утрово шпанската полиција влегла на „Камп Ноу“ со надеж дека ќе најде докази со кои ќе ја прошири својата истрага во врска со целата оваа операција.
Во аферата „Барсагејт“ беше објавено дека првите луѓе на Барселона давале огромни пари со цел да се наштети на актуелни играчи на клубот кои биле против нив. Меѓу нив беше и Лионел Меси кој беше мета на напади од специјализирана агенција која беше најмена да ги следи неговите активности на социјалните мрежи.
Меси доживеа непријатност откако една од лажните вести беше поврзана и со неговата сопруга Антонела.

- Италијапред 18 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 17 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 16 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 17 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 16 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 18 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 14 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 18 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)