Хаотични сцени на натпревар од НЦАА Лигата: Невидена тепачка на кошаркарски натпревар во Канзас (Видео)

kanzas

Вистински хаотични сцени беа видени на натпреварот од кошаркарската колеџ лига во САД помеѓу универзитетите Канзас Стејт и Канзас.

Неколку секунди пред крајот на средбата се случи еден инцидент кој доведе до неверојатна тепачка на теренот.

ДеХуан Гордон се обиде да забие во кошот, но со феноменален блок го сопре Силвио Де Соуса кој потоа го провоцираше Гордон. Потоа настана голема мешаница во која летаа тупаници, а ситуацијата на крај едвај се смири…

Facebook Коментари