Поврзете се со нас

Италија

Хаотичен крај на „Виа дел Маре“: Жиру доби црвен картон, ВАР му „одзема“ победа на Лече (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан цели 60 минути изгледаше мирно и трпеливо на теренот во ситуација кога имаше позитива од два гола, а потоа во краток временски интервал влезе во доста нервозен период, исто како што беше случај и на дербито против Наполи.

Во краток период, Милан испушти предност од два гола и му дозволи на Лече целосно да се врати во мечот, па дури и дозволи завршницата да им припадне на домаќините од „Виа дел Маре“.

„Росонерите“ водеа до 66-та минута со головите на Рајндерс и Жиру од првиот дел, но потоа Сансоне и Банда погодија во период од четири минути и во последните 20 се влезе со резултат 2:2.

Милан очајнички се обидуваше да дојде до победа, но нервозниот Жиру заработи исклучување поради неспортско однесување, а набрзо после тоа следеше шок за гостите.

Пиколи зафати една топка на 30 метри и испрати спектакуларен удар за 3:2, па иако сите на „Виа дел Маре“ се израдуваа на победа, на крајот ВАР ги остави домаќините без триумф.

Видео снимката покажа дека Пиколи го нагазнал стоперот на Милан пред да испрати удар за гол, па ВАР им ја „одзема“ победата на фудбалерите на Лече и тензичната завршница финишираше со конечни 2:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни