Поврзете се со нас

Италија

Хаосот во Рома донесе уште една „жртва“: Жената која му пресуди на Де Роси си поднесе оставка

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома нависитна лошо ја стартуваше сезоната на резултатски план, но изминативе неколку дена уште поголем е хаосот во внатрешноста на клубот, од едноставна причина што водечките луѓе на доста немилосрден начин му врачија отказ на Даниеле Де Роси.

Даниеле не доби третман каков што заслужува една легенда на Рома, па поради тоа гласот го кренаа и најверните тифози кои испратија низа реакции за лошото управување на клубот, а воедно најавија и бојкот за денешниот натпревар со Удинезе.

Со жестокиот притисок кој се направи изминативе неколку дена, ултрасите јасно ставија до знаење дека стојот позади Де Роси, па сето ова резултираше да видиме уште еден потрес во италијанската престолнина.

Извршната директорка Лина Сулоку беше најодговорна за отказот на легендарниот Италијанец, а после реакциите кои пристигнаа од најверните фанови, самата решила да си поднесе оставка.

– Рома известува дена Лина Сулоку денеска си поднесе оставка и го остави празно местото кое досега го извршуваше. И благодариме на Лина за посветеноста во овој критичен период и посакуваме се најдобро во иднина. Раководството на клубот останува целосно посветено кон растот на Рома, почитувајќи ги сите вредности кои го прават овој клуб специјален, – се вели во соопштението.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни