Поврзете се со нас

Формула 1

Хаосот во Џеда доби продолжение на „зелената маса“: Ферстапен доби дополнителна казна за инцидентот со Хамилтон (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Крајот на трката на Џеда донесе различни расположенија во таборите на Мерцедес и Ред Бул, но и дополнителна истрага од страна на ФИА поради која со свои изјави мораа да се јават победникот Луис Хамилтон и Макс Ферстапен.

Главните ривали за титулата сведочеле пред луѓето на ФИА за инцидентот при кој Хамилтон заврши во болидот на Ферстапен, а конечната одлука е дека Холанѓанецот заработува и втора казна, која сепак нема да го промени неговиот поредок на крајот од трката.

Макс заработи пет секунди казна уште за време на трката, но по деталните испитувања и податоците од телеметријата, одговорните лица од ФИА одлучија дека Ферстапен е виновен и за инцидентот кога Хамилтон удри во неговиот Ред Бул.

Ферстапен заработи дополнителна казна од 10 секунди која сепак не е доволно да го загуби второто место, како и два казнени поени во неговата возачка книшка за оваа календарска сезона (сега има вкупно седум).

– Стјуардите ги ислушаа Макс Ферстапен и Луис Хамилтон и со помош на доказите од телеметријата, проценето е дека возачот со број 33 е главен виновник за инцидентот. Во свијокот 21 му е кажано дека треба да му ја врати позицијата на возачот со број 44, а тимот побара од него да го направи тоа стратешки. Тој значително забави во свијокот 26 и со својот непредвидлив потег предизвика судир. Затоа е изречена казна од 10 секунди, – гласи објавата на ФИА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни