Поврзете се со нас

НБА

Хаос во редовите на шампионот: Грин нокаутирал соиграч на последниот тренинг на Голден Стејт

Објавено

на

Foto:twitter.com/warriors

Голден Стеј се врати на шампионските патеки и освои нов прстен во НБА лигата, но најавите за новата сезона донесоа една неочекувана вест од последниот тренинг.

Еуфоричната атмосфера од крајот на сезоната очигледно не е пренесена на подготовките за новата кампања во најсилната кошаркарска лига во светот, бидејќи сите угледни извори од Америка откриваа дека вчера дошло до физичка пресметка меѓу две ѕвези.

Хаосот го предизвикал нервозниот Дрејмонд Грин, кој по еден дуел со Џордан Пул, без размислување го удрил и нокаутирал соиграчот, по што морало да дојде до делење на двајцата од останатите колеги.

Според пишувањата на американските новинари, нетрпеливоста меѓу Грин и Пул се „пумпала“ веќе извесно време и сега дошло до комплетна експлозија, па иако Дрејмонд подоцна се извинил за нецивилизираната постапка, постапките на клубот ќе бидат според правилникот.

Голден Стејт планира да отвори дисциплинска постапка против својот долгогодишен лидер на паркетот, па повеќе од јасно е дека ќе добие парична казна за пример пред стартот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни