Поврзете се со нас

Балкан

Хаос во Мостар: Навивачите на Вележ прекинаа натпревар и го запалиле автомобилот на судиите (Видео)

Објавено

на

Голем инцидент го прекина вчерашниот натпревар меѓу Вележ и Борац Бања Лука од фудбалското првенство на Босна и Херцеговина, а гостите веројатно ќе го добијат со службен резултат.

Во моментите кога гостите повеле со 2:0 во завршницата од мечот, на теренот влетале десетици фанови на Вележ, од кои дел носеле и предмети како дополнителна закана по безбедноста на учесниците.

Медиумите од БиХ велат дека хаосот не завршил во Мостар, туку подоцна на друга локација бил запален автомобилот на главниот судија Сабрија Топаловиќ, а во кој биле сите судии од средбата.

Неофицијално, во болница покрај него бил примен и супервизорот на судењето на средбата, а на физички напад се пожалил и директорот на Борац, Дејан Лукендиќ.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни