Поврзете се со нас

Свет

Хаос во Лисабон, нападнат автобусот на Бенфика, повредени двајца фудбалери на клубот

Објавено

на

Откако Бенфика не успеа да слави на првиот натпревар по рестартирањето на сезоната на домашен терен против Тондела (0:0) им се случи еден доста немил инцидент.

Имено, автобусот со кој се превезуваа бил нападнат и тоа од страна на најопасната навивачка група на Бенфикка.

Португалските медиуми пренесуваат дека во нападот подебел крај извлекле фудбалерите на клбуот, Андрија Живковиќ и Жулијан Вајгл.

24 годишниот Вајгл беше сведок на еден ваков сличен напад кога во 2017 година беше извршен бомбашки напад врз автобусот на Борусија Дортмунд, клуб во кој тогаш играше фудбалерот од средниот ред.

Од Бенфика веднаш излегоа со соопштение и ги осудија ваквите напади врз нивните фудбалери.

– Бенфика ги осудува криминалците кои го каменуваа автобусот со играчите по напуштањето на автопатот А2 по натпреварот со Тондела. Соопштуваме дека поради претпазливост Жулијан Вајгл и Андрија Живковиќ веднаш се пренесени во болница каде ќе бидат набљудувани откако беа погодени од срчи од стаклата. Бенфика гарантира соработка со властите од кои бара да се направат најголеми напори да се пронајдат одговорните за овој криминален акт, -стои во соопштението од португалскиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни