Поврзете се со нас

Лига Европа

Хаос во Холандија по крајот на полуфиналето: Хулиганите на АЗ Алкмар ги нападнаа семејствата на ѕвездите на Вест Хем (Видео)

Објавено

на

Пабло Форналс го постигна единствениот гол во 94-та минута и така го потврди пласманот на Вест Хем во финалето во Конференциската лига, но погодокот на Шпанецот предизвика до толку големо незадоволство на трибините во Холандија, што хулиганите на АЗ Алкмар ја пробија заштитната ограда и направија хаос.

Добар дел од најрадикалните навивачи на домашниот тим се пробија до трибината на која беа семејствата на играчите на Вест Хем, па тоа направи да гледаме неверојатен и несекојдневен хаос на една од двете најголеми трибини на „АФАС“ стадионот.

Ѕвездите на Вест Хем брзо сфатија дека се загрозени нивните најблиски во ВИП ложата, па добар дел од нив влегоа и во директна физичка пресметка со разбеснатите навивачи на АЗ Алкмар.

Шокантните сцени брзо беа пренесени со видеа на социјалните мрежи, а членовите на Вест Хем ја искажаа својата загриженост за несигурноста и небезбедноста која ја почувствувале.

АЗ Алкмар се соочува со сериозна казна за лоша организација од страна на УЕФА, но сигурно драконски ќе бидат и казните кои ќе ги заработат хулиганите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни