Хаос во Бундеслигата: Дефанзивецот на Ајнтрахт го патосираше тренерот на Фрајбург, Брих делеше црвени картони (Видео)

frajburg-ajntraht

Со пресметката меѓу Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт беше заокружено 11-то коло во Бундеслигата, но натпреварот кој се одигра на „Шварцвалд“ стадионот донесе голем хаос на теренот во самата завршница, а воедно му донесе и доста работа на главниот судија Брих.

Во ситуација кога Фрајбург имаше минимално водство од 1:0, длабоко во судиското надополнување се случи еден немил и несекојдневен инцидент, бидејќи гостинскиот дефанзивец Абрахам го патосираше тренерот на домаќините, искусниот Кристијан Штрајх. Ваквиот потег на Абрахам предизвика бура на клупата на Ајнтрахт и играчите експресно му се нафрлија на дефанзивецот, а во таква ситуација, судијата Брих мораше да покаже два црвени картони, еден на Абрахам и еден на Грифо кој беше меѓу резервистите.

Facebook Коментари