Поврзете се со нас

Лига на нации

Хаос во Букурешт: Навивачите провоцираа, играчите на Косово го напуштија теренот (Видео)

Објавено

на

Политичките определби и пораки секогаш знаат да донесат само негативна страна на еден фудбалски натпревар, а доказ за тоа добивме и вчеравечер во Букурешт.

Натпреварот од Лигата на нации меѓу Романија и Косово не го дочека својот крај, бидејќи играчите на гостинскиот тим решија да си заминат од теренот непосредно пред последниот судиски свиреж.

Во моментите кога се играше продолжението дојде до една мала мешаница на теренот, но истата иницираше политички провокации од трибините.

– Косово е Србија, – извикуваа домашните навивачи во Букурешт, па после политичката провокација, следеше одговор од косовските играчи на теренот, како и прекин на натпреварот.

Косовските репрезентативци „летаа орли“ со гестикулации кои во минатото им носеа казни на Гранит Џака и Џердан Шаќири, па иако УЕФА бараше од гостите да се вратат и да ги доиграат последните минути, тоа на крајот не се случи.

Натпреварот е официјално означен како прекинат при резултат 0:0 во судиското продолжение, а сега УЕФА ќе биде таа која ќе има последен збор за епилогот на натпреварот од Лигата на нации.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни