Поврзете се со нас

Свет

Хаос во Бока: Дефанзивецот Замбрано со променет личен опис по тупаницата од Бенедето (Видео)

Објавено

на

Страстите во Аргентина често знаат да зовријат и непријатни стартови и физички пресметки меѓу ривали се природна слика за фудбалот во Јужна Америка, но сега една ситуација од Бока Јуниорс го промени нормалниот тек и покажа дека може да дојде и до физичка пресметка меѓу двајца соиграчи.

Расинг и Бока ги поделија бодовите во едно разочарувачко дерби без голови (0:0), но главна вест во Аргентина е она што се случувало на паузата меѓу двете полувремиња.

Дарио Бенедето и Карлос Замбрано режирале вистински хаос во соблекувалната на Бока и имале физичка пресметка, од која подебелиот крај го извлекол стоперот.

Дефанзивецот Замбрано излезе во вториот дел со оток на лицето и евидентно променет личен опис од тупаницата која ја добил од Бенедето, а на вратот на напаѓачот имаше траги од нокти и гребење.

Аргентинските новинари бараа одговори од Рикелме за овој инцидент, а легендата на Бока откри дека клубот разгледува сериозна казна за двајцата.

– Тие се фудбалери, а не боксери. Ако си бараат е..н проблем со клубот, ќе го добијат, – порачал Рикелме кој ја извршува улогата на потпретседател во Бока Јуниорс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни