Балкан
Хаос пред шампионската прослава: Играч на Шибеник го удри Ристовски, Адеми сакаше да го „изеде жив“ (Видео)

Динамо Загреб победи на гостувањето кај Шибеник и во 35-то коло ја одбрани титулата во домашниот шампионат, односно стигна до 23-та титула во Првата фудбалска лига во Хрватска.
Најдобриот тим во оваа земја ја продолжи доминацијата во националниот шампионат и Стефан Ристовски и Аријан Адеми се закитија со уште еден трофеј, кој ќе го паметат и по една хаотична ситуација на денешното гостување.
При резултат 0:2 и кога беше јасно дека Шибеник нема што да бара на овој меч, Албанецот Ерос Грезда направи два глупави потези, при што го навлече гневот кај македонските репрезентативци.
Грезда најпрво го удри Ристовски и влезе во клинч со десниот бек, по што настасна вистински хаос на теренот, во кои се вклучија и играчи од клупата.
Во моментите кога доаѓаше до примирје, Грезда повторно се „истакна“ и го удри и Менало, по што го разбуди ѕверот кај Аријан Адеми кој сакаше да го „изеде жив“ провокаторот од Шибеник.
Изненадувачки, судијата му покажа само жолт картон на главниот виновник за инцидентот, а истата казна ја заработи и Стефан Ристовски.
-
Светпред 16 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 17 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
АТПпред 18 часа
Алкарас се врати од загубена ситуација и со еден поен ги крена на нозе тениските фанови во Лондон (Видео)
-
Светпред 17 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Италијапред 18 часа
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
-
Англијапред 5 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
Италијапред 17 часа
Легендарниот Мацола за сензационалниот трансфер на Интер: Ова не се случило во фудбалот
-
Англијапред 12 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола