Поврзете се со нас

Светски првенства

Хаос на „Вембли“, полицијата тепаше фанови на култниот англиски стадион (Видео)

Објавено

на

Вистински хаос се случуваше на трибините на „Вембли“ на денешниот натпревар помеѓу репрезентациите на Англија и Унгарија кој се игра во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.

Нередите ги креираа фановите на гостинската репрезентација кои уште при првиот судиски свиреж се судрија со полицијата и редарите.

Голем дел од присутните на легендарниот стадион, иако натпреварот меѓу репрезентациите беше во тек, го насочија своето внимание кон случувањето на трибините.

Што се однесува до самиот натпревар,  резултатот по првите 45. минути е нерешен со по еден гол на двете страни.

Прво Салаи донесе водство за гостинскиот тим, а резултатот го израмни дефанзивецот на Сити, Џон Стоунс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни