Италија
Хаос на „Сан Сиро“: Ибрахимовиќ и Лукаку имаа физички контакт, Белгиецот збесна како никогаш претходно (Видео)

Интер беше далеку поактивен во големото градско дерби кое се игра оваа вечер во Копа Италија, но сепак Милан е оној кој на пауза замина со водство од минимални 0:1.
Стрелец на погодокот беше Златан Ибрахимовиќ кој уште еднаш изреагира мајсторски во шеснаесетникот, но сепак за крај на првото полувреме, изрежира и еден навистина жесток инцидент во кој учествувуваше и најдобриот напаѓач на противничкиот тим.
Ромелу Лукаку влезе во расправија со Ромањоли поради еден погруб старт, но откако во мешаницата се приклучи и Ибра, настана вистински хаос на теренот и играчите мораа да ги раздвојуваат напаѓачите кои имаа и физички контакт со главите.
Во моментите на голема тензија, двајцата си разменија и непријатни зборови, поради што судијата Валери на двајцата им покажа жолти картони пред да отсвири крај на првиот дел.
Сепак, караницата не заврши тука, бидејќи Ибра му порача на Лукаку да дојде во тунелот за да се „пресметаат“, по што Белгиецот комплетно збесна и едвај беше додржан од своите соиграчи од Интер. Сето ова е најава за пеколно второ полувреме на „Сан Сиро“…..
Zlatan and Lukaku are going at it 😳 pic.twitter.com/yMLFI72tiz
— ESPN FC (@ESPNFC) January 26, 2021

- Италијапред 23 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- НБАпред 22 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Италијапред 20 часа
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)
- Шпанијапред 24 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…
- Англијапред 21 час
Вернер: Се чувствувам виновен за отказот на Лампард
- Англијапред 18 часа
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 17 часа
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Репрезентацијапред 23 часа
Иднината на македонскиот ракомет: Селективен камп за талентирани ракометарки (ФОТО)