Поврзете се со нас

Италија

Хаос на „Олимпико“: Димарко лежеше на земја, Андерсон постигна гол и ги разбесни играчите на Интер (Видео)

Објавено

на

Големото дерби на „Олимпико“ меѓу Лацио и Интер ќе се памети по пресвртот кој го изведе тимот предводен од Маурицио Сари, но и спорниот момент кој гостите од Милано го проценија како класичен нефер-плеј потег кој се пркаси со убавината на фудбалската игра.

Интер поведе во дербито со голот на Перишиќ од белата точка во првото полувреме, а на стартот на второто, Чиро Имобиле на идентичен начин израмни на 1:1 откако беше прециезен од 11 метри.

Со овој резултат се влезе во завршните 10 минути, а потоа следеше гол за Лацио и голем хаос на теренот кој траеше неколку минути. Главниот судија Ирати имаше многу работа и подели четири жолти картони за да ја смири ситуацијата, бидејќи играчите на Интер беа гневни откако Андерсон погоди за 2:1 додека Димарко лежеше на земја.

Дефанзивецот на Интер падна на тревникот во претходната акција на Интер која неуспешно ја заврши Лаутаро Мартинез, по што играчите на Лацио проценија дека нема потреба да ја запираат играта. Акција почна од Реина и имаше брза транизиција, Милинковиќ Савиќ ја додаде топката до Андерсон, овој продолжи до Имобиле, а одбиената топка се врати до Бразилецот кој лесно погоди за 2:1.

Играчите на Интер не му дозволија да слави и предизвикаа голема мешаница на теренот, во која со жолти картони завршија Савиќ и Андерсон од Лацио, односно Лаутаро и Дамфрис од Интер. Сето ова не го поништи голот и Лацио си осигура водство, а на крајот точка на мечот стави Милинковиќ Савиќ со голот со глава во судиското продолжение за конечни 3:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни