Поврзете се со нас

НБА

Хаос на клупата на Лејкерс, физичка пресметка меѓу ѕвездите на „езерџиите“ (Видео)

Објавено

на

Во таборот на Лос Анџелес Лејкерс владее навистина тензична атмосфера на почетокот на новата сезона во НБА Лигата.

„Езерџиите“ на натпреварот против Феникс го врза вториот пораз во вториот сезонски натпревар откако загубија 115:105.

Дека атмосферата во тимот е на лошо ниво говори и инцидентот од вчерашниот натпревар кога при една пауза дојде до физичка пресметка меѓу звучните имиња од клубот, Ентони Дејвис и Двајт Хауард.

И двајцата дојдоа до физички контакт, меѓутоа брзата реакција на соиграчите спречи поголема ескалација на целиот инцидент.

По ваквите случувања, разочаран беше некогашниот кошаркар на Лејкерси кој остави траен белег во историјата на клубот, Меџик Џонсон.

– Хауард и Дејвис влегоа во физички дуел на клупата. Во моите 42 години колку што сум поврзан со Лејкерси, немам видено ништо слично на ова, -напиша Џонсон на својот Твитер профил.

Што се однесува до учинокот на инволивраните кошаркари, Дејвис постигна 22 поени на кои додаде и 14 скокови, додека Хауард на теренот помина помалку време и не успеа да се запише во листата на стрелците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни