Хант и Ифланд ги зграбија трофеите во возбудливото финале!

Photo credit: Romina Amato / Red Bull Content PooolPhoto credit: Romina Amato / Red Bull Content Poool

Британецот Гери Хант ја освои рекордната седма титула во светската серија Red Bull Cliff Diving, додека Австралијанката Ријана Ифланд направи хет-трик во Полињано а Маре, Италија

Англичанецот Гари Хант и Австралијанката Ријана Ифланд се покажаа во најдобро светло наспроти силната конкуренција од нивните ривали и ставија точка на своето враќање на сцената со обезбедување на титулата на последната станица за 2018 година од светската серија Red Bull Cliff Diving, во Полињано а Маре, Италија. Додека за Хант тоа беше рекорден седми трофеј „Кинг Кахехили“ во десеттата јубилејна сезона, Ифланд сега може да каже дека е најуспешната женска нуркачка во историјата на спортот откако освои три светски титули во низа, пред седумдесет илјади страсни обожаватели на спортот на местото, каде што куќите се издигнуваат од карпите.

– Се чувствувам малку чудно, си забранувам да го замислувам овој момент. По тоа што се случи минатата година, си реков, прифаќај ги нештата како што доаѓаат, ако дојдат, па затоа сум многу среќен што сега го доживувам овој момент. Оваа сезона навистина ме потсети колку го сакам овој спорт.Местово е одлична идеја како локација за финалето, зашто овој град го обожава овој спорт и е како природен амфитеатар за ова натпр еварување,- изјави Хант. – Ова е апсолутно мојата најпосебна победа во сезона. По патештествието кое го поминав оваа зима, а кое што беше навистина тешко и ме натера да се запрашам: зошто го правам ова и дали сакам да го правам ова? На почетокот имав неколку тешки резултати. Научив многу за себе годинава и од таа причина, ова е посебна победа!

Американецот Стивен ЛоБуе, кој беше прв на табелата речиси цела сезона, заврши како втор и на оваа станица и во генералниот пласман, додека Мексиканецот Џонатан Паредес го освои третото место на италијанскиот брег од Јадранското море, а исто така е трет и во конечниот пласман на табелата.

Во женска категорија, ривалите на Ифланд не успеаја да ја покажат својата најдобра форма, па Мексиканката Адријана Хименез заврши четврта, и со тоа падна на второто место од табелата. Наспроти тоа, Канаѓанката Лизен Ричардс со второто место во Италија се вброи меѓу првите три на подиумот во генералниот пласман.

Со две победи и едно второ место во пет настани, Хименез го повтори своето второ место во генералниот пласман, како во 2017 година. Откако се врати по една година пауза заради повреда, Лизен Ричард која претходно победи во Швајцарија, сега делува уште посилна бидејќи е веднаш зад Ифланд и Хименез во генералниот поредок.

– Немам зборови. Се уште не сум свесна, но знаев дека морам да се одржам постојано добра во натпреварувањето. Знаев дека морам да го „смачкам“. Само тоа ми се врткаше низ глава. Оди на платформата, биди тоа што си и направи како што најдобро знаеш,- рече Ифланд. – Мислам дека тоа беше паметен потег да се изведе најтешкото нуркање вчера, па имав повеќе енергија. Но публиката и атмосферата денес секако ме полнеа со енергија, па секако сум супер исполнета. Го обожавам ова место, тоа е едно од моите омилени локации и навистина е посебно кога се стои на платформата, погледнувате и ги гледате сите тие луѓе кои имаат голема страст за овој спорт!

Пресметката во машкото првенство беше исто така возбудлива и затоа што 34-годишниот Хант беше победник по 34-ти пати во 72 натпреварувања. Брилијатниот Британец, кој неподамна повторно ја откри магијата со која заработи шест титули со победа на последните три станици, беше изедначен со претендентот за титула ЛоБуе по прите две рунди од скоковите. Рекордерот остана прибран и извади два високи резултати од опционалната програма од 27 метри и ги надмина своите ривали.

Со неуспешен скок во третата рунда, бранителот на титулата Паредес ја заврши својата осма година во светската серија на трето место, додека светскиот шампион во нуркање од височина на ФИНА, ЛоБуе, го освои второто место на табелата – што е негов личен најдобар резултат во светската серија до денес.

Последниот настан од сезоната исто така беше решавачки и за тоа кој автоматски ќе се квалификува за 2019 година. Кај мажите, тоа ќе бидат првите четворица на табелата плус Дејвид Колтури за кого ваши политиката за повреда, а првите четири женски натпреварувачки го обезбедија своето место за следната година.

При комплетирање на ростерот за 2019 уште по едно место кај мажите и жените ќе биде решено по Светскиот куп на ФИНА во ноември, а останатите места, четири кај мажите и едно кај жените, ќе бидат доделени според светскиот систем за рангирање за 2018.

Седум тешки и предизвикувачи натпревари, во кои најдобрите нуркачи дадоа се од себе во борба за слава, која беше најнеизвесна досега. Спортот кој е мешавина од акробации во слободен пад од 27 метри со брзини над 85км/ч, се врати на своите најкласични локации за да ја одбележи оваа посебна година и да ги обезбеди јубилејните шампиони од седумте станици за мажите и пет за жените.

 

Резултати (мажи):
1. Гари Хант (Велика Британија) 418,65 поени, 2. Стивен ЛоБуе (САД) 406, 056 поени, 3. Џонатан Паредес (Мексико) 391,35 поени, 4. Михал Навратил (Чешка) 385,40 поени, 5. Константин Поповичи (Русија) 375,20 поени, 6. Енди Џонс (САД) 374,75 поени, 7. Алесандро Де Росе (Италија) 365,65, 8. Крис Коланус (Полска) 360,35, 9. Блејк Олдриџ (Велика Британија) 354,10 поени, 10. Серџо Гузман (Мексико) 350,45 поени.

Резултати (жени):
1. Ријана Ифланд (Австралија) 342,25 поени, 2. Лисејн Ричард (Канада) 294,35 поени, 3. Јана Несцијарава (Белорусија) 286,90 поени, 4. Адријана Хименез (Мексико) 276,55 поени, 5. Џесика Меколеј (Велика Британија) 268,70 поени, 6. Жаклин Валенте (Бразил) 247,75 поени, 7. Џинџер Хубер (САД) 242,90 поени, 8. Ксантеја Пениси (Австралија) 242,10 поени, 9. Антонина Вишиванова (Украина) 240,80 поени, 10. Марија Паула Кинтеро 229,60 поени.

Табела (мажи):
1. Гари Хант (Велика Британија) 1010 поени, 2. Стивен ЛоБуе (САД) 950 поени, 3. Џонатан Паредес (Мексико) 790 поени, 4. Михал Навратил (Чешка) 680 поени, 5. Енди Џонс (САД) 570 поени, 6. Крис Коланус (Полска) 520 поени, 7. Блејк Олдриџ (Велика Британија) 448 поени, 8. Алесандро Де Росе (Италија) 409 поени, 9. Дејвид Колтури (САД) 330 поени, 10. Серџо Гузман Мексико 300 поени.

Табела (жени):
1. Ријана Ифланд (Австралија) 830 поени, 2. Адријана Хименез (Мексико) 760 поени, 3. Лисејн Ричард (Канада) 690 поени, 4. Џесика Меколеј (Велика Британија) 600 поени, 5. Јана Нестсиарава (Белорусија) 510 поени, 6. Џинџер Хубер (САД) 320 поени, 7. Ана Бадер (Германија) 220 поени, 8. Антонина Вишиванова (Украина) 160 поени, 9. Жаклин Валенте (Бразил) 150 поени, 10. Ксантеја Пениси (Австралија) 110 поени.

Facebook Коментари