Поврзете се со нас

Шпанија

Ханси Флик за шампионската трка: Изненаден сум од тоа што го гледам во Ла Лига

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона реши два испити во период од три дена и успеа да слави победи над Осасуна и Џирона, двете изразени со убедлива разлика од три голови.

По триумфот од 3:0 над Осасуна во четвртокот, Барса вчера на „Монжуик“ го скрши отпорот на Џирона и славеше со 4:1, победа со која ја врати предноста од три бода на првенствената табела.

На девет кола пред крајот, тимот на Ханси Флик е во пол позиција за титулата во Ла Лига, но Германецот тврди дека има уште многу работа пред нив, особено поради фактот што останал изненаден од квалитетот на многу екипи во Шпанија.

– Нашите ривали ќе се борат до крајот. Реал Мадрид е фантастичен тим, а тука се и Атлетико, Атлетик Билбао, но и Рајо Валјкеано. Да бидам искрен, навистина многу сум изненаден од високиот квалитет кој го поседуваат доста екипи во Ла Лига. Видовме какви проблеми може да направи и Џирона.

– Ќе се бориме до крајот на сезоната, секој испит ќе биде голем предизвик, сонуваме за највисок пласман, но тоа го правиме одејќи цврсто по земја, не летаме во облаци.

– „Ел Класико“? Има уште многу до тој натпревар. До крајот на првенството може да има уште доста изненадувања и тоа е добро за спектаклот, – изјави Флик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни