Поврзете се со нас

Шпанија

Ханси Флик за разочарувачката вест на „Валјекас“: Победивме, но на никој не му е до радување

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Ханси Флик ја запиша третата победа на третиот официјален меч во шпанската Ла Лига, но германскиот стручњак воопшто не се израдува на триумфот на „Валјекас“.

Гостувањето во мадридското предградие често знае да биде кобно за големите фаворити, меѓутоа Барселона вчера успеа да се избори за пресврт, кој на крајот скапо го плати поради повреда на Марк Бернал.

Најголемото изненадување во стартниот тим на Флик на почетокот на сезоната воодушеви со изданијата на 17-годишна возраст, но вчера се повреди во самиот финиш и брзо пристигна информација дека се работи за сериозна повреда.

Бернал го скина предниот вкрстен лигамент и сега ќе биде во аут околу девет месеци, што автоматски значи дека оваа сезона за него е завршена.

– Марк Бернал се повреди и тоа изгледаше нависитна лошо. Имаше одличен натпревар како и на претходните што ги одигра, но за жал повредата ја уништи позитивната атмосфера. Победивме, но никој не се радува. На никој не му е до радување. Ќе ги чекаме официјалните тестови и прогнози, но никој не е среќен во соблекувалната на Барса, – откри Ханси Флик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни