Шпанија
Ханси Флик за пенал драмата во Мадрид: Навистина ми е многу жал за Алварез

Атлетико Мадрид брзо мора да ја заборави ВАР драмата и шокот кој го доживеа во Лигата на шампиони, бидејќи избраниците на Диего Симеоне веќе утре ќе играат големо дерби во Ла Лига.
„Колчонеросите“ на домашен терен ја пречекуваат Барселона во дуел кој е директна битка за титулата во Примера, а бидејќи гостите добија предност во стандардната увертира со прес-конференциите, Ханси Флик доби шанса да ја искоментира и спорната ситуација од средата.
Германскиот стручњак искажа големи симпатии кон Хулијан Алварез поради малерозниот момент кој го имаше во пенал рулетот, но сепак не сакаше да дава оценки околу тоа дали одлуката е коректна, или не.
– Што сакате да ви кажам? Тоа беше многу несреќна ситуација за Хулијан. Навистина ми е многу жал за Алварез. Тој е фантастичен фудбалер, еден од најдобрите голгетери.
– Не би додал никаков коментар околу пеналот, бидејќи јас немам потреба да носам такви одлуки на теренот. Видов само што се случи и навистина ми е многу жал за Хулијан, – изјави Ханси Флик, кој утре очекува нов тежок дуел против момците на Симеоне.
– Не мислиме на дуелите со Борусија во Лигата на шампиони, сега сме насочени на Атлетико. Едвај чекаме да излеземе на терен, ќе биде многу тешко, но подготвени сме да се покажеме во најдобро светло. Атлетико има фантастичен тим, не станува збор за само 11 добри играчи, имаат многу ресурси и на клупата. Играат неверојатно како блок и навистина се во добра форма. Веќе одигравме два натпревари против нив оваа сезона и добро знаеме што не чека, – изјави Флик.
-
Шпанија12 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Шпанија17 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Англија16 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Европски купови5 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Лига на шампиони17 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Англија9 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Шпанија13 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)
-
НБА16 часа
Минесота направи „брејк“ во Ел-Еј, Детроит не успеа да го изненади Њујорк