Поврзете се со нас

Шпанија

Ханси Флик за негативните реакции на Јамал и Левандовски: Мора да ги прифатат моите одлуки

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона се рехабилитираше од шокот во Ла Лига со победа над Јанг Бојс со резултат 5:0, а сега за каталонците следи ново гостување во домашното првенство, овојпат кај Алавес.

Ханси Флик се коцкаше со ротаците на Памплона и беше одговорен за поразот кој го претрпе Барса од Осасуна со резултат 4:2, но такво нешто сигурно нема да повтори утре во Виторија каде неговиот тим ќе се обиде да се врати на победничките патеки во домашното првенство.

Германскиот стручњак најави дека ќе излезе со најсилен тим против Алавес, но исто така нагласи дека и во иднина ќе ги вади најголемите ѕвезди од игра кога ќе смета дека е време за такво нешто.

Ламин Јамал и Роберт Левандовски не беа највоодушевени што беа извадени против Јанг Бојс и не го криеја тоа со реакциите, но Ханси Флик вели дека тој секогаш му дава предност на тимот, а не на исполнување на нечии индивидуални желби.

– Нормално е играчите да се лутат, секој сака да игра повеќе. Но, тоа беше ситуација во која резултатот беше решен и јас носам одлуки за доброто на тимот. Јас сум тренер и тие треба да ги прифатат моите одлуки. Ламин се жалеше дека не добил доволно топки од соиграчите, па утре ќе има шанса да го поправи тоа за кое остана недоречен во вторникот, – изјави Флик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни